Непознат маж вчера со пиштол во рака пришол и се заканил на телевизиска екипа на Радио-телевизија Војводина која се уклучувала во живо, пренела денеска телевизијата.
Мажот го извадил пиштолот пред новинарката и пред камерата што е забележано и на видеото, а веднаш потоа побегнал.
Радио-телевизија Војводина поднела пријава до Министерството за внатрешни работи, по што тоа работи на расчистувањ на случајот.