Видео од апсењето на Асанж


Еквадор го повлече азилот за основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, за потоа тој да биде уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Како што јавува „БиБиСи“, тој е уапсен после седум години поминати во амбасадата на Еквадор која му одобри азил.


Веста ја потврди британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид.

„Можам да потврдам дека Асанж е во притвор и оти е соочен со правосудството во Британија“ – изјави министерот.

„Викиликс„ на својот Твитер налог објави дека полицијата веднаш влегла во зградата и го привела.

Асанж во амбасадата на Еквадор се наоѓаше од август 2012, откако се сокрил од страв дека британските власти ќе го уапсат и ќе го екстрадираат во САД, кои го бараат поради објавување на илјадници тајни воени и дипломатски документи.

Асанж некои го доживуваат како херој, бидејќи како што сметаат, ги разоткрил владите по повод злоупотребата на овластувањата и го сметаат за борец за слободата на говор. За други тој е бунтовник кој ја загрозил безбедноста на САД.

Асанж во неколку наврати изјави дека стравува од негова екстрадиција во САД, каде што тој би можел да биде обвинет за објавување на хакирани владини документи во врска со војните во Авганистан и Ирак.

Неговиот однос со амбасадата се влоши во последните неколку години, а Еквадор минатата година му ја укина интернет врската.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1