Видео од геоглифот во кој наводно се крие гробот на Александар Македонски


Хрватскиот истражувач Домагој Николиќ изјави дека под геоглифот во Свети Николе веројатно се крие древно светилиште. Тоа го покажаа првичните резултати од експертизата на овој дел од Овче Поле, што го вршеа научници од светски глас во соработка со македонски стручњаци.Деновиве се појави видео од геоглифот за кој многу се зборува.

Според хрватbilazora-520x266скиот истражувач Николиќ, кој, всушност, го афирмираше овој феномен, археоакустичните и електромагнетни испитувања на теренот покажуваат дека постои некаква електромагнетска аномалија, која упатува на тоа дека е можно да се работи за свето место, храм, а можеби и гробница.

– Засега можеме со сигурност да потврдиме дека на подрачјето на геоглифот во Канада постои некаква електромагнетска аномалија која упатува на тоа дека можно е да се работи за свето место, а тоа се места кои ние, како експертска група ги проучуваме. Меѓутоа, за детална анализа мора да се причека некое време. Сите овие податоци во следниот период треба да се анализираат и сите параметри кои ги добивме треба да се измерат со други податоци со други места кои сме ги измериле претходно – изјави тогаш Домагој Николиќ.

Хрватскиот истражувач постави хипотеза дека под геоглифот се крие гробница на крал од династијата на Александар, односно дека според народните преданија е можно тука да се крие и гробот на македонскиот крал и големиот војсководец Александар Велики.

ZaSe.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1