Општа тепачка настана во неделата кога млади Македонци и Албанци жители на Радишани влегоа во пресметка после сообраќајна несреќа.
Министерството за внатрешни работи информираше дека во неделата, на 13 април,, околу 22.30 часот, на ул. „Радишанска“ во Скопје пред куќата на Ш.З.(74) настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу Б.З.(20) и Б.З.(23) од една страна и од друга страна Н.Б.(23) и Б.Д.(34), во која си размениле некоку удари по телото нанесувајќи си видливи повреди, додека на Б.З. му е нанесена скршеница вопределот на раката.
По ова, од куќата излегла Ш.З. да види што се случува, по што А.Д.(1988) со патничко возило влегол во толпата, удирајќи ја при што и нанел телесни повреди.
Инволвираните во случајот се идентификувани, а пронајдено е и лицето кое го управувало возилото и во консултација со надлежниот Јавниот обвинител, против него ќе биде процесуирана пријава за сторено кривично дело „Предизвикување на општа опасност“. Кај сите останати за кои надлежниот јавен обвинител ќе утврди натамошна одговорност ќе следуваат соодветни поднесоци.