Автобус комплетно изгоре денес, откако се запали на неколку километри од преминот „Стража“, на потегот од Охрид кон Скопје јавува Охрид Прес
Според изјави на очевидци, инцидентот се случил околу 17:30 часот, кога се запалил српски патнички автобус со околу 50 патници кои се враќале од викенд во Охрид, од кои, за среќа, нема ниту еден повреден.
Пожарот избувнал во моторот на возилото, по што го зафатил целиот автобус. Неофицијално во пожарот изгореле и патничките торби и голем дел од документите на патниците.
Увид на лице место изврши Јавен обвинител.
извор: ОхридПрес