Французинката Аурелија Милер го освои сребрениот медал на трката на 10 километри, но медалот и е одземен откако беше прогласена за виновна за потопување на ривал за време на трката.
Милер безмалку ќе ја удавеше Италијанката Рачеч Бруни во финишот на трката, кога двете се обидуваа да ја допрат таблата за победа.
-Ми пречеше, ме спречуваше да ја допрам таблата. Задоволна сум од судиската одлука, изјави Бруни, која веднаш реагираше на однесувањето на Французинката.