Силен огномет ги исплаши вчера жителите на скопската општина Карпош.
Од противпожарната единица на Скопје изјавија дека се работи за огномет организиран од Прокредит банка, која вчера имала прослава кај Сити Мол во Карпош 4. За прославата биле затворени и улици околу трговскиот центар.
Огнометот траел половина час и бил многу силен. Некои од станарите се симнале пред влезовите на зградите исплашени од бучавата.