На почетокот на последната четвртина од првиот финале натпревар на плеј офот на српската лига меѓу Партизан и Црвена Звезда дојде до општа тепачка меѓу играчите на двата тима.
Кошаркарското дерби меѓу Црвена ѕвезда и Партизан од финалето на плејофот на српската кошаркарска лига беше одбележан со неколку скандали.
Најпрвин гостинскиот тренер Душко Вујошевиќ ги повлече своите играчи од теренот поради незадоволство од судиските одлуки, за во последниот период да дојде и до општа тепачка меѓу играчите на двете екипи.