Алдин Ширановиќ е водачот на Фејсбук групата “Удар“ која ги предизвика нередите во Тузла, Зеница и Сараево.
Ширум Босна и Херцеговина во тек се судири меѓу демонстрантите и полицијата. Гори во зградите на кантоните Сараево, Тузла и Зеница. Демонстрантите уриваат се пред себе, објавуваат босанските медиуми.
Демонстрациите поради политичката, економската и социјалната ситуација во БиХ, од Тузла се приширија ширум БиХ, а протестите траат од утрово.
Ширановиќ е човекот кој ја запали Босна и Херцеговина и го крена гладниот народ на нозе. Ширановиќ на прес конференција ги опишал причините поради кои дошло до негово апсење и приведување во МУП ТК, каде припадници на специјалните единици над него примениле и физичка сила
-Со години гледам што се случува со нашите гиганти кои се уништени. Мојата сопруга, која како високообразована личност со години бара работа е пример, и поттикнат од една болка и неправда се одлучив на демократски начин на борба и ги повикав граѓаните да ми се придружат на демонстрациите. Не нарекуваат хулигани затоа што излеговме на улица и ги баравме своите права. Ние не почнавме ни да кршиме ни да палиме, ниту алудиравме на тоа некој да напаѓа или да крши. Мора да знаете дека ние бевме нападнати, не нападна полицијата, рекол Ширановиќ.
Тој вели дека цело време и сам им сугерирал на демонстрантите да не фрлаат камења на полицијата, и дека за се’ постојат видео записи.