ВИДЕО: Oва е српската претставничка на „Евровизија“


„In too deep“ е песната со која Србија годинава ќе се претстави на 62. избор за песна на „Евровизија“ во Киев, Украина. Боите на нашите соседи ќе ги брани 35-годишната Тијана Богичевиќ.tijana-640x640

Изборот токму таа да настапува во мај, е на уредниците на музичката редакција во РТС. Нејзината кариера започнала како пратечки вокал за Владо Георгиев, а солистички почнала да настапува во 2009.

Тијана живее и работи во Бостон, а искуство на евровизиската сцена стекнала како пратечки вокал во 2011 година, кога за Србија пееше Милан Станковиќ.

Вчера се снимаше видеоспотот за песната која наскоро ќе биде промовирана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1