(ВИДЕО) Ова племе си ги убива своите деца!


Јарава е племе кое живее на островот Андаман, нема контакт со надворешниот свет, и има страшен обичај да убива деца кои имаат посветол тен, бидејќи се верува дека таквите деца имаат татко надвор од таа заедница.

Убиството на 5-месечно бебе на далечниот остров во Индискиот океан отворило дебата за владеењето на правото во едно од најпримитивните племиња на светот.andaman-jarawa-pleme-ubiistvo-bebe-01

Злосторството се случило на место каде живее групата од 400 номади, кои претежно се занимаваат со лов и собирање на храна. Бебето имало посветол тен во однос на остатокот од племето, па се претпоставувало дека таткото е некој од надворешниот свет. Затоа било убиено според ритуалните обичаи на ова племе.

Во минатото индиските власти сакале да имаат и помал контакт со абориџинската култура, и ја вртеле главата од ваквите убиства. Покрај тоа, од контакт со надворешниот свет се заштитени и со законите на Индија.

И навистина, 200 години откако британската империја изградила колонија на овој остров, ниедно лице од племето Јарава не било ниту осомничено за злосторство.

Но, полицијата отворила истрага откако владините службеници задолжени за ова племе поднеле кривична пријава. Во злосторството се вмешани и двајца мажи кои се дел од заедницата бегалци од Бангладеш, кои се населени на овој остров. Еден е обвинет дека обезбедил алкохол за убиецот од племето пред да го убие детето. Другиот е обвинет дека е татко на убиеното бебе.

Во меѓувреме, убиецот од племето Јарава, кој е виден дека влегол во шаторот на мајката вечерта пред да биде убиено детето, сè уште е на слобода.

“Засега полицијата не може да го уапси човекот од тоа племе”, рекол Денис Џил, уредник на Андаман хроника.

“Индиската влада мора да одлучи кои и какви закони за надворешниот свет може да имплементира во племето Јарава”, додал тој.

Самир Ачарја, локален активист, за New York Times рекол дека Јарава има право да ја одржува чистотијата на својата раса.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1