“Опуштен сум додека убивам џихадисти”: Овој дедо снајперист убил 173 борци на ИСИС


Овој припадник на шиитската милиција учествувал во пет војни, а сега се бори против џихадистите на Исламската држава.

62-годишниот Абу Тахсин тврди дека во конфликтите со припадниците на Исламската држава во Ирак, досега убил 173 џихадисти, пишува британски “Mirror”.01-dedo-ubiva-dzigadisti

Тој е припадник на паравоената шиитска милиција која се бори против џихадистите на ИСИС и учествувал во пет војни.

„Се колнам, благослов е од Бога кога куршумот ќе го отфрли џихадистот еден метар пред да падне на земја. Опуштен сум, мислите ми се опуштени. Едвај чекам да се вратам после ротацијата. Еднаш ми дадоа одмор од еден месец, но јас се вратив после само 12 дена“, раскажал овој снајперист.

На видеото се гледа како со помош на радио приемник ги следи плановите и активностите на џихадистите. Прикажан е дури и како ја погодува целта додека извикува „слатко“, „слатко“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1