Тинејџер порачал убиство на својата 12 годишна сестра и родителите за да го земе наследството!


Двајца тинејџери се уапсени за убиството на 12 годишната сестра на еден од нив. Наводно, 18 годишно момче најмило платен убиец на возраст од 17 години, да се ослободи од сестрата и родителите за да го земе наследството. Настрадало само девојчето, убиецот избегал без да се обиде да ги убие родителите на 18 годишниот Русин.mrtva devojka pistol

Во истрагата постои и друга верзија за случајот – дека братот и сестрата договориле убиство на родителите, но убиецот се скарал со сестрата и ја убил – пишува Блиц.

Убиството било извршено во улицата Белореченскаја во Москва. Девојчето чиј врат бил пресечен, во локва крв било најдено од нејзиниот татко кога тој се вратил од работа.

Според руските медиуми мотивот за убиството е наследството.

Семејството имало три стана, па братот имал план по смртта на родителите да продаде еден за да ги отплати долговите во кои западнал, еден да задржи за себе, а еден да му даде на убиецот кој бил ангажиран преку социјалните мрежи!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1