Расправата во бразилскиот конгрес за големиот корупциски скандал на нафтениот гигант „Петробрас“ била на кратко прекината кога, засега непозната личност во салата пуштила глувци и хрчаци, што предизвикало општ хаос во конгресот.
Глодарите биле пуштени во салата синоќа среде обраќањето на благајникот на владејачката работничка партија Жоао Вакари Нета и предизвикале паника меѓу политичарите и новинарите, пренесуваат светските агенции.
Обезбедувањето од салата на Конгресот ја извело личноста која била одговорна за пуштање на глодарите, чиј идентите не се открива. За брзо време биле фатени малите животинки па расправата, која според проценката на присустните прераснала во „циркус“, повторно била продолжена.
Вакари е еден од 27 луѓе на кој му претстои судење по оптужби за корипција и перење на пари во рамки на корупцискиот скандал во компанијата „Петробрас“, кој изби пред 13 месеци. Тој наводно примил мито во износ од 1,2 милиони долари а во скандалот се вклучени уште некои од најпознатите бразилски политичари.