ВИДЕО: Паника во парламент: Пратениците врискале како девојчиња од инвазијата на глувци


Расправата во бразилскиот конгрес за големиот корупциски скандал на нафтениот гигант „Петробрас“ била на кратко прекината кога, засега непозната личност во салата пуштила глувци и хрчаци, што предизвикало општ хаос во конгресот.

Глодарите биле пуштени во салата синоќа среде обраќањето на благајникот на владејачката работничка партија Жоао Вакари Нета и предизвикале паника меѓу политичарите и новинарите, пренесуваат светските агенции.gluvci44

Обезбедувањето од салата на Конгресот ја извело личноста која била одговорна за пуштање на глодарите, чиј идентите не се открива. За брзо време биле фатени малите животинки па расправата, која според проценката на присустните прераснала во „циркус“, повторно била продолжена.

Вакари е еден од 27 луѓе на кој му претстои судење по оптужби за корипција и перење на пари во рамки на корупцискиот скандал во компанијата „Петробрас“, кој изби пред 13 месеци. Тој наводно примил мито во износ од 1,2 милиони долари а во скандалот се вклучени уште некои од најпознатите бразилски политичари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1