ВИДЕО: Патниците го буткаат авионот бидеќи помрзнал


Патниците на аеродромот Игарка на далечниот север во рускиот регион Краснојарск, беа замолени да го подбутнат авионот по пистата бидејќи бил заглавен од страшно ниските температури, кои во тој момент достигнале – 52 степени целзиусови.Screenshot_29

Ова би можело да звучи како лоша шега, но на патниците на сибирскиот аеродромот не им било до смеење кога биле замолени да го напуштат авионот на екстремно студеното време и да помогнат при буткањето на авионот по должината на пистата.

Авионот, кој наводно превезувал 74 патници, полета и слета безбедно во регионален центар на Краснојарск.

Еден официјален претставник во канцеларијата на локалниот обвинител, Оксана Горбунова, изјави за новинската агенција Интерфакс дека истрагата ќе биде отворена за да се дознае зошто патниците излегле и го буткале авионот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1