Еден од најдобрите пилоти на војската на Србија, Омер Мехиќ, загинал во падот на хеликоптерот кој го пренесувал бебето од Нови Пазар.
Мекиќ за време на својата служба како офицер на Војската на Србија, спасил повеќе од 1.000 луѓе. Ги минал сите категории, од инструктор по летање, до лидер на тимот за спасување.
Инаку, токму тој управувал со хеликоптерот кој го префрлил премиерот Александар Вучиќ до местото Фекетиќ минатата година.
Мекиќ го преживеал падот на хеликоптерот “Газела М-8” во 2008. година.
Другиот пилот, Иван Миладиновиќ, учествувал во акцијата за спасување на поплавените во Обреновац.