ВИДЕО: Погледнете го апсењето на 79 лица кои Србија ја оштетиле за 100 милиони евра


Во рамки на досега најобемната акција за борба против корупцијата во Србија, српската полиција упаси 79 лица, меѓу кои се и поранешниот министер за трговија и за земјоделство Слободан Милосављевиќ, неколкумина некогашни помошници министри и директори на јавни претпријатија, како и повеќе бизнисмени, јави Танјуг.policija srbija

Како што соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, уапсените се товарат дека на државата и нанеле штета од над 100 милиони евра.

Стефановиќ на вонредна прес-конференција во Белград информира дека акцијата е спроведена врз основа на истраги водени уште во 2004 година.

– Акцијата ќе продолжи и немкој нема да биде поштеден, порача Стефановиќ, додавајќи дека веќе се поднесени кривични пријави против 39 лица.

Меѓу уапсените се и „крупни риби“, поранешни министри, претседатели на општини, бизнисмени, како и поранешна директорка за борбата против корупција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1