Видеото на кое полицаецот Скот Крои поради кражба брутално ја претепува Бренди Редел пред нејзиното едногодишно дете, ја шокираше американската јавност. На видеото се гледа како Скот ја удира по главата, додека другиот полицаец и ги држи нозете
Бренди признава дека се обидела да украде облека во вредност од 388 долари во продавницата. Таа морала да оди во болница затоа што целото око и било затворено. Таа има намера да го тужи Скот.
Скот во извештајот напишал дека Бренди го удирала, а таа рекла дека тоа го правела обидувајќи се да се одбрани од него.
Бренди веќе два пати до сега била осудувана за кражба, а новото судење е закажано за 23 месецов. Таа вели дека полицаецот започнал да ја тепа во моментот кога го повикувала своето момче, Џејмс Гибсон, да дојде по нејзината ќерка.
Инаку, Бренди се сомнева дека нападот на неа има врска со нејзиното момче Гибсон, кој е црнец и кој во полицијата држи курсеви за расна толеранција.
-Мислам дека полицијата не е баш воодушевена кога бела девојка повикува момче црнец да и помогне, посебно ако станува збор за човек кој од порано полицијата не го сака- рече таа.