Полицијата отишла да интервенира при рушење на бесправно изграден објект во едно кинеско предградие. Дошло до карање и тегнење со сопствениците. Иако на локацијата имало околу 10 полицајци, се случила страшно убиство пред очите на сите.
Камерите снимиле како полицаецот Дуан Џинјин се обидува да ги смири разгневените сопственици заедно со своите колеги кога одеднаш еден повозрасен човек го удира со мотика дирекно во главата.
Полицаецот се струполил на земја. Иако е веднаш пренесен во болница им подлегнал на повредите. Убиецот е веднаш приведен.