Видео: Полицајци пукале во бремена жена – Семејството тужело и од бездомници станаа милионери


Енџл Мендез и неговата бремена свршеница Џенифер од Лос Анџелес од бездомници станале милионери, откако судијата во тужбата која ја покренале против локалната полиција, пресуди во нивна полза.

bezdomnici-630x385Всушност, полицијците и локалниот шериф, повеќе од 15 пати пукале кон Енџл и Џенифер во моментот кога двојката спиела во кабина на земјата на своите пријатели во Ланкастер, Калифорнија во 2010 година. Пилицијата била во потрага по осомничен кој ја прекршил условна казна, а кога го здогледале воздушниот пиштол почнале да пукаат.

„Им викав да запрат, дека мојата свршеница е бремена, дека тоа е само воздушен пиштол. Беше страшно, не знаевме дали ќе преживеме“, изјавил Енџл.

Бидејќи полицијата не била во потрага по нив, судијата им додели оштета од 4,1 милиони долари, додавајќи дека се повредени нивните човекови права. Од друга страна, полицајците во оваа интервенција се прогласени за невини.

На Енџл му е отстранет дел од ногата и сега оди со помош на бастун, а наскоро го очекува уште една операција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1