Две експлозии се чуле вечерва во близина на полициските станици во Куманово и во Тетово. Според неофицијални информации, објавени на порталите на албански јазик, врз двете полициски станици се фрлени рачни бомби “кашикари“.
Дали станува збор за координиран напад и кој стои зад него засега не е познато. Од МВР потврдуваат дека во близина на станиците се чуле детонации но демантираат дека тие биле мета на нападот.
– Слушнати се детонации во близина. Не е регистрирана никаква штета. Додека не заврши увидот не можам да дадам никакви дополнителни информации, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Според кумановските медиуми, рачната бомба била поставена во шахта во близина на основното училиште “11 Октомври“ но таа информација сеуште не е потврдена.