Демонстрантите се повлекоа. Мала изолирана група се обидува да направи нереди, фрлајќи со камења и со дрвја.
Голем дел од толпата започна да се повлекува кон Чаир, но помал дел од воглавно млади лица се уште е присутна на Битпазар и прави обиди да се судри со полицијата.
Заврши протестот кој денеска се одвиваше во знак на незадоволство поради пресудите од случајот Монструм. Некои од редарите на протестот дадоа изјава во која повикуваат на мирно решавање на сите недоразбирања. Уште неколку десетици луѓе се наоѓаат пред трговскиот центар Мавровка, но повеќето од насобраните се вратиле кон Чаир.
Барањето од организаторите да се прекине протестот предизвика кавги кај демонстрантите.
Можат да се забележат тепачки меѓу самите демонстранти тие што бараат да се завшри со протестот и тие што сакаат да се судрат со полицијата.
Video – MKD.MK/ А1Он