Видео: Полицијата разби криминална група од Арачиново, Студеничани и Куманово


Во полициската акција што урово беше спроведена во Куманово и во околината на Скопје, приведени се 11 лица на воздраст од 24 до 60 години, а по едно лица се трага. Лицата се товарат дека сториле повеќе кривични дела, меѓу кои злосторничко здужување, изнуда, лухварство, недозволено поседување и пуштање во промет на дрога. Полицијата извршила претес на шест локации, а поднесени се кривични пријави против 12 лица.apsenje policija

Покрената е судска постапка и против претседателот на Основниот суд во Куманово, кому пријавените му понудиле мито од 24.000 евра, а тој примил 19.000 евра.

Се смета дека организатор на групата е 48- годишно лице од Студеничани, заедно со седум години постар од него жител на Арачиново. Како што информираше Министерот за внатрешни рабти, Митко Чавков, двајцата организатори заедно со тројцата синови на едне од нив, сите од Арачиново, се товарат дека сториле кривични дела изнуда и лихварство. Тие на жртвите на лхварство им позајмувале одредени суми пари, а  потоа за краток период барале да им се вратат сумите со нереални камати. Наплатата ја вршеле со закани со оружје, како по жртвите, така и по членовите на нивното потесно семејство.

Во еднен случај, за позајмени 25.000 евра, пријавените барале жртвата да им врати 75.000 евра. А во дуг случај, за позајмени 500 евра од жртвата наплатиле 20.000 евра.

Министерот Чавков посочи дека истрагата сеуште е во тек, и дека не се исклучува можноста и други лица да бидат вклучени.

Во рамки на акција запленети се четири автомобили, 14 мобилни телефони, нотарски догооври и друга документација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1