Пронајдени украдените пари од Стопанска банка


При вршење на увидот, полицијата ги пронашла парите кои разбојникот ги украл од Стопанска банка.

Парите биле пронајдени во автомобилот „Цитроен“ со кој тој избегал по грабежот. Како што претходно објавивме 43 годишниот скопјанец А.М. маскиран и вооружен со пиштол влегол во филијалата на Стопанска банка во скопската населба Ѓорче Петров и заканувајќи им се на вработените ги одзел парите.sud pari kradec

Откако излегол од банката со автомобилот се упатил кон Карпош, каде во близина на мостот Влајко бил пресретнат од припадници на полициската единица „Алфа“. А.М. кога ги забележал полициските екипи почнал да пука кон нив, на што „Алфите“ возвратиле.

Разбојникот набрзо го запрел автомобилот, но поради повредите кои ги добил бил веднаш пренесен во Ургентниот центар со возило на Брза помош. Лекарските екипи утврдиле дека станува збор за повреди во вид на расекотини од стакло, од прозорците на автомобилот кои се скршени.

Крадецот во болница е обезбедуван од полициски службеници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1