Војникот Нејтан Кирил (24) кој е убиен вчера пред канадскиот споменик на паднатите жртви од војната во Отава, е фотографиран неколку минути пред фаталниот терористички напад.
Тој бил член на резервна единица на канадската војска која воглавно ја сочинуваат припадниците на пешадијата кои секој час се менуваат на стражата, а а судбината сакала токму во кобниот час кога Зехаф-Бибо тргнал во нападот токму Кирил да биде на должност.
Нејтан Кирил (24) од Хамилтон во Отава го уби Мајкл Зехаф-Бибо на почетокот на својот терористички поход кој го шокираше Канада. Војникот немал никакви шанси да се одбрани, бидејќи пушките кои ги носи почесната стража не се наполнети.