Децата од деведесеттите сигурно се сеќаваат на популарната американска серија „Беверли Хилс“, која во Македонија се емитуваше повеќе пати.Главен актер во серијата беше Џејсон Пристли, но него го засени популарната Шенон Доерти, која го глумеше ликот на неговата сестра Бренда Волш.
Денес Шенон (45) говори за борбата со ракот на дојката и откри дека ракот се проширил и на нејзините лимфни жлезди.
„За време на една од операциите докторите открија дека и лимфните чворови се зафатени, па затоа сега правиме хемотерапија, а потоа и радиотерапија. Дали зрачењето ќе помогне, дали ќе проаѓам повторно низ ова, дали ракот повторно ќе се појави? Болката е поднослива, животот со една дојка е поднослив, но во прашање е грижата за иднината и како вашата иднина ќе влијае на луѓето што ги сакате“, го отвори срцето Шенон.