Канадскиот пејач Дерек Келер (32) познат под псевдонимот Стил Одри и неговата девојка Хелена Ќуриќ (31) од Австралија се пронајдени мртви во импровизирана куќичка – метален контејнер, во планинското подрачје Блу Маунтинс во Нов Јужен Велс.
Најверојатно се задушиле од јаглерод – моноксид.
Парот бил пронајден од сестрата на Хелена на која и припаѓала импровизираната куќичка. Според полицијата, се претпоставува дека двајцата млади се задушиле од јаглерод моноксид, од гасовите од бојлерот на дрва кој се уште чадел кога полицијата пристигнала.
Јаглерод моноксидот е многу отровен гас кој нема мирис, и не може да се забележи – вели Кен Пален од пожарникарската служба.
Келер и Ќуриќ се запознале во Ванкувер каде работеле во иста ИТ компанија. Потоа се преселиле во Сиднеј каде заедно живееле.