Според очевидците станува збор за 23 – до 25 годишна девојка , која стоела на тротоарот , кога на неа со голема брзина налетал опелот од спротивна насока , ја скинал железната ограда на тротоарот и преку скалите се забил во зградата . Од силината на ударот девојката починала на лице место.
Страшната несреќа се случила околу 20 часот на улицата Васил Ѓоргов во близина на трговскиот центар Зебра. Случајните минувачи притрчале да и помогнат на девојката , но по само неколку минути , веќе не давала знаци на живот. Возачот и неговата сопатничка поминале без повреди , а според очевидците тој бил однесен на токсикологија под претпоставка дека возел во алкохолизирана состојба и немал воопшто контрола над возилото.
На местото на несреќата не се гледаа траги од кочење . Улицата беше затворена за сообраќај, а граѓаните со згрозеност го коментираа страшниот настан .
Video – Kanal5.mk