ВИДЕО: Професор од Хрватска седум пати ја измамил смртта и добил милион на лото


Животната приказна на Фрањо Селак делува тотално неверојатно – Приказната е кратка и јасна  тој седум пати ја измамил смртта.

Овој хрватски професор по музика, преживеал неколку неверојатни несреќи со мали повреди. Преживеал пад од воз во замрзната река, авионска несреќа, неколку експлозии. Но, добил и на лотарија!

Роден е 1929. година во Хрватска. Неговиот застрашувачки несреќен, но истовремено и неверојатно среќен животен пат временски изгледа вака:

selak-smrt1962 – воз излетал од шините и паднал во река, убивајќи 17 луѓе. Селак преживеал.

1963 – се урнал авион, загинале 19 луѓе, но Селак излетал низ неисправната врата на авионот и се „приземјил“ на сено.

1966 – автобус излетал од патот, директно во провалија. Загинале 4 лица, Селак преживеал.

1970 – пожар го зафатил неговиот автомобил, но успеал да избега пред да експлодира.

1973 – пожар го зафатил неговиот автомобил, но овој пат огнот доаѓал од вентилационите отвори. Селак преживеал.

1995 – автобус го удира Селак. Повторно преживува.

1996 – доживеал судир, неговата кола излетала од планинскиот пат. Тој скокнал од своето седиште и се зафатил за дрво додека неговиот автомобил паднал неколку десетици метри во провалија.

2003 – освојува околу милион долари на лотарија.\

 

Погледнете го видеото

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1