(ВИДЕО) ПРОКЛЕТСТВОТО НА БАБА МИРА СЕ ОСТВАРУВА – Зградата за самоубијци во Крагуевац проколната пред 30 години


Солитер „Ипсилон“ во населбата Крагуевац, во Ердоглија по многу работи е единствена, а позната е по тоа е што најмногу самоубиства биле извршени со скок во смрт.

Прочуена е како седма по висина зграда во Србија со своите 75 метри. Важи за најоригинален архитектонски проект, но и за сеизмичка најстабилна зграда во државата, пренесуваат белградските медиуми.zgradi-prokolnati

Направена е во 1978 година и од тогаш влече чудно проклетство. Сеуште не е укнижено, затоа што има три ката повеќе од што треба. Претприемачот кој ја градел „Казими Вељковиќ“ пропаднало и веќе не постои, но затоа приказната за проклетството на Баба Мира меѓу станарите и денеска живее.

„Јас се вселив во овој солитер меѓу првите и уште тука живеам. Некогаш на негово место беше обична нива. Сопственичка била баба Мира. На неа и ја одзеле и тогаш почнале да ја прават зградата. А таа баба имала маж, кој бил познат забар. После војната однесен е некаде, и никогаш не се вратил дома, само исчезна без трага“, ја прераскажува легендата за проклетството на баба Мира еден од станарите на градата Радиша.

Како што вели на местото солитер никогаш немало никакво гробје, го прати само приказна за проклетството на баба Мира.

„Кога и го земале имотот, направена е огромна зграда. Станови добиле и работници од „Застава“, лекари, и луѓе кои работеле во разни претпријатија. Еве јас цел живот тука познавам само третина од станарите. Така е тоа, голема зграда“, додава Радиша додека го чека внукот да го води на игралиштето.

Зградата „Ипсилон“ е проект на прочуениот архитект Бакиќ, кој работел и во Кувајт. Поради посебниот стил, зградата е крајно необична. Дури и становите направени се на необичен начин: Купатилата се во средина, ходниците се мали а собите идат во круг.

Претседателот на куќниот совет Борислав Гламочек, вели дека оваа зграда е специфична по добрите но и многу лоши работи.
Сите станари од 98 станови, имаат бесплатна кабловска телевизија, интернет, видео надзор кој може да го пратат. Но, затоа оваа зграда влегуваат и излегуваат голем број на луѓе. Интерфонот не работи четири години, затоа што на станарите полесно им е да не мораат да ги носат клучевите кога ќе излезат да фрлат ѓубре или до продавница. Затоа влезот е слободен за сите“, вели Гламочек.

Токму поради тоа, оваа зграда сега ја бие лош глас.

„Влегува кој сака, седат по ходниците цела ноќ. Пијат, крадат се дружат. А со свои очи видов и дека имаат секс на скалите. Вградивме камери, но никој не го спречуваат да влезе“, вели тој.

Овде погледнете ја снимката на проколнатиот солитер.

Поради самоубијцте кои со скок во смрт го избрале баш овој силтер, „Ипсилон“ стана позната во цела Србија, па кога некој ќе дојде во Крагуевац обавезно доаѓа да го фотографира.

Во агенцијата која се занимава со продажба на недвижнини, велат дека станот во Ипсилон и понатаму држи цена од 800 евра по квадрат за метар. Луѓето кој во неа живеат немаат проблем со стравовите, ниту пак се суверени. Навикнаа на трагедиите кои се случуваат баш кај нив.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1