ВИДЕО: Прво појавување на Џоли по разводот


Ова е прво појавување на Анџелина Џоли од започнувањето на разводот од Бред Пит, кој предизвикал големо медиумско внимание.andzelina-dzoli-640x474

Анџелина се појавила во промотивното видео, објавено на Твитер налогот на Интернационалниот суд за криминал каде зборува за правата на децата.

Актерката не се појавувала во јавност откако е објавена веста за разводот, посебно откако цела приказна почнала да го следи скандалот околу наводната расправија на Бред со синот Мадокс.

– Човештвото им должи на децата. Знаеме дека работиме најдобро за децата. Не може да постои комплетна правда без да се земат предвид жртвите на воените злосторства. Децата мора да одат напред и да го надминат секое зло, вели Џоли во видеото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1