ВИДЕО: Путин ги испрати за прв пат руските стелтови во Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин наредил во Сирија да се испратат два авиони од петтата генерација сухој „Су-57“, пренесуваат светските медиумите.

Овие авиони биле забележани во руската база Хмејмим. Овој модел е од најновата генерација, а неодамна беше и официјално тестиран. Се верува дека авионите ќе одат во Источна Гута, предградието на Дамаск, кое што е под контрола на бунтовниците. Таму веќе три дена траат борбите на сириските владини сили против бунтовниците.

Ова е прв пат авионите Су-57 да бидат користени за борба. Руските власти се надеваат дека ќе имаат 220 вакви авиони до 2020 година.

Светските медиуми пишуваат дека во Гута е вистински пекол на земјата и дека може да се забележат тела насекаде, бидејќи се разрушени и болниците, а лекарите немаат ни достапни лекови. Според хуманитарните организации во последните три дена во Гута убиени се 300 цивили.

Вашингтон ја обвини Москва за убиствата на цивилите, бидејќи Путин ги поддржува владините сили. Генералниот секретар на Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст повикаа на прекин на огнот, но од Кремљин стигна соопштение дека тие што ги поддржуваат терористите се одговорни за ситуацијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1