ВИДЕО: Реката што врие, чудо на природата


Реката Мајантујаку во срцето на Амазон е толку жешка, па постојано врие. Геофизичарот Андрес Русо не верувал во легендата за нејзиното постоење се додека не ја видел со своите очи.

Русо сметал дека за овој феномен неопходна е огромна количина на геотермална енергија, која не може да се најде во природата.reka-vrie

Неговиот дедо во една прилика му раскажал приказна за Шпанци кои барале злато во амазонската прашума и оддеднаш се нашле во реката што врие. На семејна вечера 12 години подоцна, неговата тетка тврдела дека се прошетала покрај Мајантујаку.

-Бев скептик, но се согласив тетка ми да ме однесе до реката. Не можев да поверувам во тоа што го гледам. Ако ја ставев раката во водата во истата секунда ќе добиев изгореници од трет степен, вели Русо.

Мајантујаку е толку жешка што ако некое животно падне во неа, веднаш почнува да се вари.

-Прво им се варат очите додека со последните атоми на сила се обидуваат да се спасат. Потоа водата им поминува низ устата и се варат од внатре, објаснува научникот.

Според неговите зборови, сечењето на околните стебла ја доведува во опасност оваа река, па затоа неопходно е нејзно спасување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1