Вучиќ: “Ова е тежок ден за Србија, бевме многу блиску да ги спасиме…”


Српскиот премиер Александар Вучиќ денес изјавил дека Србија била “многу блиску” да ги ослободи своите дипломати од Српската амбасада, киднапирани во ноември 2015. година во либискиот град Сабрата, пред да бидат убиени во американското бомбардирање.

Вучиќ како најодговорен за киднапирањето го навел Ахмед Абаши, кој се занимава со шверц на луѓе во Италија, велејќи дека тој не е припадник на ИСИС, но дека соработува со таа терористичка организација.v3

Оценувајќи дека тоа била “прва голема заложничка криза со која се соочила Србија”, во која српската разузнавачка служба постапувала “премногу професионално”, Вучиќ истакнал дека двајцата киднапирани биле убиени “од американски бомби”, нагласувајќи дека е убеден дека двајцата киднапирани ќе биле ослободени доколку не загинале во американското бомбардирање, пренесува “Jutarnji List“.

Според зборовите на Вучиќ, киднапирањето не било случајно, но двајцата дипломати веројатно биле киднапирани случајно, а Србија никогаш директно не преговарала со киднаперите, но ги “држела работите под контрола” и неделно добивала информации дека се живи и здрави. Српската служба за време на заложничката криза соработувала со странски служби и агенции, вклучувајќи ги руските и американските служби за безбедност.

Вучиќ, како што вели, и денес разговарал со американските служби, но судејќи по сè “тие немале сознанија” дека Србите и другите странци се наоѓаат на локацијата која била бомбардирана.

“Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата. Ова е тежок ден за нашата земја, сите сме обединети поради трагичната смрт на нашите државјани”, рекол Вучиќ.

Според неговите зборови, имало разни опции и понуди за ослободување и откуп, вклучувајќи и понуда на либиските сили за заедничка акција за ослободување, но српските безбедносни агенции процениле дека таквата акција би довела до многу жртви, па и до евентуални последици по безбедноста на српските граѓани.

Вучиќ на вонредната прес конференција во Владата на Србија најавил дека телата на настраданите во понеделник ќе бидат донесени во Србија. А, исто така соопштил дека размислува да ја повлечат српската амбасада од Либија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1