Шила (12) и Кетрин Лајон (10) се две родени сестри кои последен пат се видени на 25 март 1975 година.
Тогаш ним им се губи секоја трага. 40 години подоцна, полицијата успеала да ги пронајде одговорните за нивното исчезнување. За жал претпоставките биле точни: Двете девојчиеа се убиени.
Тие последен пат биле видени во „Витон Плаза“, еден од најпопуларните трговски центри на периферијата на Вашингтон во тоа време. Тие биле на пролетен распуст, а во трговскиот отишле за да купат украси за велигденската прослава, пренесува Huffington Post.
Нивните родители, радио водителот Џон Лајон и неговата сопруга Мери им рекле да се вратат дома до четири часот. Меѓутоа, Шила и Кетрин никогаш повеќе не се вратиле во својот дом.
Денес, по 40 години, полицијата дошла до докази дека во исчезнувањето на девојчињата е вмешан осудуван сексуален престапник Лојд Ли Велч (58). После разговорот со него, откриле дека во злосторството учествувале уште двајца луѓе, вујкото и братучедот на Лојд.
Велч после повеќечасовното испрашување им признал на полицајците дека видел како неговиот вујко сексуално искористувал едно од девојчињата, ден откако ги киднапирале од трговскиот центар.
-Лојд Велч изјави дека отишол во домот на неговиот вујко Ричард каде што видел како тој сексуално искористува едно од девојчињата. После тоа побегнал оттаму и никогаш повеќе не ги видел сестрите Лајон, е наведено во полициското соопштение.
-Немав ништо со убиството на тие девојчиња, изјавил Лојд на испрашувањето.
Ричард Велч се уште не е приведен, но одбил да разговара со новинарите. Неговата ќерка рекла дека се работи за „лаги и дека нејзиниот татко никогаш не би можел да направи нешто такво“.
За жал се уште не е подигнато ниедно обвинение за овој случај, што би требало наскоро да се промени.