ВИДЕО:Решена мистеријата за идентитетот на “Бетмен”


Мажот во костим на Бетмен кој на крајот на февруари прошета во полициската станица во Бредфорд и на полицијата и го предаде Дени Фрејн, осомничен за провала и кршење на судскиот налог. Мистериозниот херој сега се претстави како пријател на Фрејн, Стен Ворби, кој сакал да му направи услуга и да го однесе во полиција, а случајно се случило во тој момент на себе да го има тој костум

05032013185351_betmenОткако на полицијата и го предал осомничениот за кој со недели се трагало, непознатиот човек облечен како “Бетмен” стана локален херој. Полицајците од Бредфорд се прашувале кој е тој и дали и во иднина ќе им помага.

Меѓутоа, се воспоставило дека во прашање сепак не е храбар граѓански чин на човек кој се грижи за јавниот ред и мир, туку пријателска услуга. Ворби кој работи како доставувач на кинеска храна бил “Бетмен”.  Неговиот другар Дени Фрејн, осомничен за неколку кривични дела го замолил за превоз до полициска станица. Ворби во тој миг бил на натпревар на Вембли, каде навивал облечен како познатиот јунак.

482707_10151277273662217_1057688993_nОд натпреварот, директно отишол по Фрејн а потоа и го предал на полицијата.

-Додека бев на стадионот, Дени ме побара и ме праша дали можам да го префрлам до полициска станица. Реков дека ќе го известам кога ќе стигнам дома. Кога влеговме во станицата, полицајците чудно ме гледаа, а еден од нив се смееше- истакна Ворби.

Тој додаде дека во прашање била шега, и дека не е сигурен дали во иднина ќе и помага на полицијата во борба против злосторствата.

Интересно е тоа што, според зборовите на Верби, на споменатиот натпревар бил и негов пријател облечен како Робин, кој веднаш по натпреварот си заминал дома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1