ВИДЕО: Русинот кој буквално го спаси светот – светот му се поклонува, властите молчат


Рускиот полковник во еден момент за време на Студената војна морал да донесе исклучително важна одлука која што би можела да започне атомска војна, но за среќа, тој сепак одлучил да не преземе ништо.

Стариот советски војник кој што живее во Фрајазино, мало градче во непосредна близина на Москва, во Русија, познат е како ‘мажот кој што го спасил светот’, а според неговиот живот и дело снимен е и филм кој што токму сега ќе започне со прикажувањa во кино салите во САД.stanislav-petrov-spasil-svetot-treta-sv-01-640x422

Филмот е фокусиран на случувањата кои што се случувале на 26-ти септември во 1983-тата година, кога Станислав Петров донел одлука која што многумина ја сметаат како одговорна за тоа што не се случила нуклеарна војна.

Всушност, само малку после полноќ во наведениот ден се огласил аларм кој што сигнализирал дека САД испалил интерконтинентални балистички проектили, а на тогаш 44-годишниот полковник му била оставена одговорноста да одлучи, брзо, дали нападот врз Советскиот Сојуз е вистински, или сепак не е.

– Сфатив дека морав да донесам некаква одлука, а вистината е дека бев 50/50 сигурен дека навистина се работи, односно не се работи за напад, се присетува денес Петров.

Но, и покрај загрижувачките податоци кои што ги испраќале советските сателити кои што се наоѓале над САД, Петров одлучил да ја разгледа можноста дека сепак можеби се работи за лажен аларм. Во случај тој да одлучел дека сепак се работи за вистински напад, советските водачи би можеле да одговорат токму со атомски напад врз САД.

Она што е уште пострашно е фактот дека во тоа време Советскиот Сојуз искрено се плашел од изненаден американски напад, со оглед на фактот дека се работело за исклучително напнат период од Студената војна. Всушност, само месец дена претходно, Советите срушиле патнички авион кој што од САД летал кон Јужна Кореја, бидејќи сметале дека се работи за шпионска акција. САД сепак, и после низата од провокативни воени маневри, се подготвувал за голема НАТО вежба, наречена ‘Можен стрелец’, која што всушност била симулирана подготовка за нуклеарен напад.stanislav-petrov-spasil-svetot-treta-sv-02-447x640
Во својата татковина, улогата на Петров во историјата не му донела некоја поголема слава, бидејќи тој и понатаму живее во истото станче во кое што го минал поголемиот дел од својот живот, каде што и понатаму сосема великодушно ги дочекува сите свои гости.

Кога денес 76-годишниот Петров ќе се присети на таа кобна ноќ во која што радиото во тајниот контролен центар Серпухов-15, се присетува токму на звукот на алармот кој што се провлекувал низ исклучително тивката ноќ. Сите биле во шок, бидејќи, иако таму биле токму поради таквите можни сценарија и ситуации, за такво нешто секако не би можеле потполно да бидат подготвени. Тој станал и забележал дека сите гледаат во него, сосема збунето.

– Мојата екипа беше на работ на паника и токму тогаш ми падна на ум дека – ако сите бидеме во паника – се ќе биде готово. Немав време за многу да размислувам за тоа дали јас ќе бидам токму тој кој што ќе ја започне Третата светска војна, туку морав да одлучам колку е всушност вистинита таквата информација која што ми ја покажуваше компјутерот.

И додека сè уште немал донесена конечна одлука, за само неколку минути, се огласила уште една сирена, која што укажувала дека е лансирана уште една ракета. Наскоро се слушнала и уште една сирена, па наскоро звучело како пет атомски бомби да полетале од американското тло.stanislav-petrov-spasil-svetot-treta-sv-05-640x417

Петров одлучил и ги известил своите надредени дека системот испраќа лажни информации, иако воопшто не бил сигурен што точно говори. Својата одлука ја базирал врз основа на фактот дека советските радари, кои што се наоѓале на тлото, не го потврдиле лансирањето. Радарите можеле да укажуваат на надоаѓачки проектили доста време после лансирањата, но Петров знаел дека тие се далеку подоберливи од сателитите.

Подоцна било откриено дека лажниот аларм го започнал некаков технички проблем на сателитот, кој што погрешно го интерпретирал сјајот од сончевата светлина на високите облаци – како ракети.

На Петров никогаш не му било доделено признание поради неговата одлука, најверојатно поради тоа што Русите на тој начин би укажале на постоењето на своите сателити за опоменување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1