Сонот преставува природен регенератор на човековото тело, ни да ва сила да го поминеме денот и да функционираме. Тргнувајќи од себе можеме да претпоставиме што значи недостаток од неколку часа сон, нервоза, главоболка, не можност да се сконцентрираме….
Во доцните 40-ти години од минатиот век, петмина лица кои се сметале за непријатели на државата од страна на советската влада, биле избрани да учествуваат во експериментот за недостаток на сон. Целта била да се користат мали дози на експериментален гас кој ја елиминирал потребата за сон кај луѓето.
Затворениците биле држени во затворен простор за истражувачите да не би биле изложени на гасот, а затворениците имале само микрофони со кои што можеле да комуницираат. Добиле книги, уреден тоалет и вода за пиење, како и доволно храна за цел месец.
Првите три дена сè се одвивало според планот, а на затворениците им било дадено лажно ветување дека доколку соработуваат и не спијат „само“ 30 дена, ќе бидат ослободени. Со оглед на тоа што разговорите биле снимани, научниците забележале дека затворениците отворено започнувале да зборуваат за траумите кои што ги имале во животот. После четири дена, разговорите станале помрачни.
После петтиот ден, затворениците започнале да имаат параноја и се жалеле за некои одлуки кои што ги донеле во текот на животот. Наместо да разговараат едни со други, започнале да шепотат на своите микрофони. Наводно, мислеле дека можат да ја стекнат довербата на истражувачите доколку им ги откријат тајните на другите затвореници.
После 10-тиот ден започнале да врескаат. Точно три часа, еден затвореник трчал низ просторијата и врескал константно. Кога веќе гласот започнал да му слабее, тој продолжувал да дава сè од себе, но подоцна гласните жици не издржале и се скинале. Дури и оние затвореници кои што останале живи, им недостасувале делови од кожата, односно раните си ги нанеле самите на себе си, па дури и најискусните руски војници се плашеле да им пријдат.
Големи насилства се случувале кога војниците се обидувале да ги спасат живите затвореници, а еден од нив бил убиен во тој процес. Кога ги запрашале зошто така се однесуваат, речиси сите одговориле: „Морам да останам буден“.
Наскоро, војниците морале да пукаат кон затворениците. Единствениот затвореник кој не бил застрелан и останал жив, бил запрашан од научниците –„Што си ти?“.
„Зарем така лесно заборави?“, одговорил со прашање затвореникот и се насмеал. „Ние сме вие“. Научникот тогаш го застрелал затвореникот во срцето. Додека затвореникот умирал, ги изговорил последните зборови: „Така блиску до слободата“.