Видео: Само за оние со силен желудник- Како се прави виршлата?


Ако до сега ви се нема смачено од индустриската преработка на месото, а не сакате да ви се одмили, не го читајте текстот. Сте се запрашале ли како се прави популарната виршла, главната состојка на хот-догот.

На кратко: во огромни метални кади се ставаат остатоци од свинското месо, се мешаат со розев премаз кој се добива кога пилешките трупови ќе се процедат и се додава вода. Откако ќе се смелат заедно се додаваат ароми и конзерванси, смесата се вари, а потоа се пакува во пластичните кесички. Навидум одвратно, но виршлата е врвот на индустриската обработка на месото.

Значи, што се содржи една виршла???

1. Месо.

Традиционалната виршла се состои од остатоци од свинско месо, бидејќи котлетите, сланината и шунката веќе се одвоени. Се додава пилешко и мисиркино месо, па потоа се меша заедно. Напомена – се работи за остатоци од месо – кожа, коски, нозе, глава, црева – сето тоа убаво се меле за да се добие хомогена маса.

2. Вода.

Многу вода е потребна како би омекнала виршлата. Меката смеса е погодна за набивање во пластичните кесички.

3. Скроб

Сите видови на колбаси, од најефитините до најлуксузните, содржат многу скроб. Најчесто тоа е компиров скроб, а скробот дава поголема зафатнина на виршлата.

4. Сол, млечни протеини, натриум нитрати, калиум и натрим трифосфати, ароми, натриум аскорбат, боја и полифосфати

Ова се хемиските додавки во виршлата кои ја регулираат маснотијата, бојата и влијаат врз вкусот на виршлата.

E250– Натриум нитрит e главeн виновник за рак на цревата. Мононатриум глутамат – Предизвикува алергија и дехидрирање. E451 – Калиум и натриум трифосфати – помагаат во спојување на водата и мастите. овие состојки освен во виршлите се користат и во детергенти и анти-фриз. E120 – се користи за да го обои месото, а се изработува од вид на инсекти кои се варат во амонијак и сода.

И покрај овој начин на преработка на месото, и покрај тоа што многумина ја знаат преработката и содржината на виршлата, Хот-догот е една од најдобрите и најпознатите брзи храни на светот.

Tags: , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1