ВИДЕО: Се преправила во медицинска сестра и влегла да краде бебе на Гинекологија


Жена преправена во медицинска сестра се обидела да украде бебе од гинеколошко одделение во Кина.

Киднаперката која е именувана само како Су, и за која се претпоставува дека има дваесетина години, земала бел мантил и маска на лицето за да не ја познаат и влегла на одделението каде има бебиња. Земала едно бебе, го ставила во количка и се обидела да го однесе среде бел ден.Screenshot_239

Кога излегла од собата, налетала на бабата на бебето која почнала да ја испитува каде го носи нејзиното малечко. Бабата не била задоволна од одговорот па побарала Су да го врати бебето назад и повикала обезбедување.

Младата девојка била задржана од обезбедувањето, а откако се открило дека не работи во болницата, била уапсена.

Засега нејзините мотиви не се познати.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1