Мртвото тело на маж кој со прострелна рана во главата беше пронајден утрово во ходник во зграда во Куманово, беше извадено од зградата, откако неколку часа полицијата вршеше увид, а пристапот во објектот беше забранет.
Имено, несреќниот настан доби на уште поголем публицитет откако стана јасно дека во зградата и во истиот влез каде што е пронајден убиениот, живее и градоначланикот на општината, Зоран Дамјановски.
Од МВР соопштија дека случајот во СВР Куманово е пријавен во 7.35 часот.Според информациите до кои дојде Прес 24, станува збор за К.Т. од Куманово кој беше пронајден во зградата број 2 на улицата Васил Драгоманов.
Покрај него бил пронајден и пиштол.
Првичниот увид утврдил дека станува збор за оружје кое го поседувал со дозвола.