Новинарка од белгискиот телевизиски канал RTBF, Есмералда Лабел известувала од карневалот во Келн, кога во живо додека траело јавувањето, доживеала сексуален напад.
Новинарката е револтирана, бидејќи на прес-конференцијата посветена на карневалот, началникот на локалната полиција изјавил дека никакви сериозни несреќи не биле регистрирани .
„Работев во Авганистан и Северна Африка, но никогаш не ми се случило такво нешто. Не мислам дека треба да има некакви забранети зони или заштита за жените-новинари. Имаме право да работиме насекаде без да бидеме понижени “, вели Лабел која најавува тужба.