Познатата кандаска пејачка Селин Дион (46) се расплакала во текот на интервјуто за „Еј-би-си њуз“ во кое говорела за својот менаџер и сопруг Рене Анџели (73) кој извесно времесе бори против ракот на грло.
Пејачката ја стопираше својата кариера на година дена за да може да го негува својот сопруг за време на третманот. Таа открила дека тешко го поднесува тоа што мора да храни преку цевки.
– Не може да јаде па го хранам преку цевче. Го хранам трипати на ден – изјавила Селин во интервјуто.
73-годишниот Анџели исто така бил фотографиран по интервјуто во Лас Вегас и изгледал многу истоштено. Пејачката и менаџерот се во брак од 1994 година и имаат три сина: Рене Чарлс (14) и близнаците Еди и Нелсон (4).
– Го живеам секој ден како да ми е последен, но го избираме животот – изјавила Дион.
На Рене ракот на грло првпат му бил дијагностициран во 1999 година. Селин тогаш направи пауза во кариерата за да биде покрај својот сопруг. Ова му е вторпат да боледува од истата болест.