Џордан Лајлс пешачел низ националниот парк „Греит Смоки Маунтајнс“ во американската сојузна држава Тенеси, кога открил дотогаш непознат напуштен град, стар преку сто години.
Лајлс, кој живее во Сан Диего во Калифорнија, до зачудувачкото откритие дошол сосем случајно и решил да го документира своето големо откритие.
Тој го фотографирал и снимил градот, а за точната локација наведува дека се наоѓа „една милја над неозначениот земјен пат“ и дека локацијата исто така, е позната под името „Вондерланд Клуб“, објави „Дејли Мејл“.