Голден Гејт мост е место од кое скокнале преку 2.000 очајни луѓе. Кевин Хајнс е меѓу оние еден отсто кои преживеале, па одлучил своето искуство да го сподели со светот.
Кевин е роден пред време, а во организмот уште како бебе имал дрога. Напуштеното дете го прифатиле и згрижиле семејството Хајнс, но на 17 години тој повторно се наоѓа на раскрсница. Почнал да страда од ментално нарушување. На крајот веќе не можел да издржи.
-Се сеќавам на моментот кога пишував проштално писмо. Шетав долж оградата на мостот. Луѓето минуваа покрај мене, автомобилите исто така. Една жена ми пријде и ме замоли да ја сликам, по што замина. Се качив на оградата и скокнав, вели Кевин.
Во истиот момент помислил на иста работа на која мислеле сите оние кои се нашле во слична ситуација.
-Штом нозете ми ја напуштија оградата – зажалив што скокнав. За четири секунди паднав со брзина од 80 километри на час од висина од 25 катови. Кога удрив во водата тоа беше најголемата физичка болка која некогаш сум ја почувствувал во животот, вели тој.
Го спасил член на крајбрежната стража кој го видел неговиот обид да се самоубие. Кога се разбудил во болница го видел неговиот татко.
-Жал ми е тато, му рекол.
-Не, Кевин, ја сум тој на кој му е жал, му одговорил неговиот татко.
Од тој ден, секогаш заѕвонува телефонот на неговиот татко тој помислува “Боже, само Кевин да е жив”.
-Вистина е дека се чувствував дека на никој не му е гајле за мене. Не, на сите им било, но тоа јас не можев да го видам. Во ред е да признаеш дека не се чувствуваш добро и да побараш помош. Заздравувањето е можно. Јас сум жив доказ, открива Кевин.