ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика за оружје во Белград, загинаа двајца работници


Силна експлозија одекна околу 14 часот во Бубањ Поток, а густ чад лебди над таа приградска белградска населба. „Вечерни Новости” објавија дека две лица го загубиле животот.

Според „Телеграф”, во експлозијата во фабриката има загинати, а едeн работник кој бил заробен пожарникарите успеале да го извлечат, јави дописникот на МИА од Белград. Две лица загинаа и 16 пет лица се повредени, соопшти РТС. Во експлозијата во фабриката има исчезнати за кои се трага, а еден работник кој бил заглавен пожарникарите успеале да го извлечат, јави дописникот на МИА од Белград.

Експлозија се случила во фабриката во населбата Лештане во Белград, соопштија за „Данас” од Министерството за внатрешни работи на Србија. Експлозија се случила во магацинот на фабрика во населбата Лештане во Белград, на површина од 260 квадрати, каде се наоѓале 500 ракети со 30 килограми експлозив. Несреќата се случила во компанијата „Еде про“, која произведува делови за ракети, ракетни турбо мотори и гориво, а во моментот на експлозијата во фабриката имало 40 работници. Дел од повредените се примени во Ургентниот центар во Белград, а дел се на ВМА.

Во Ургентниот центар во Белград се примени две лица, во тек е дијагностика, потврдија за Н1.

Веднаш по експлозијата испратени се 11 возила со 36 пожарникари, а потоа и засилување, изјавија за РТС од МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1