Оставката на Заев е одложена


Оставката на претседателот на СДСМ Зоран Заев пред партиските органи е одложена.

Партијата соопшти дека вечерва нема да заседаваат Централниот и Извршниот одбор поради страшната трагедија што се случи во Бугарија.

Седниците беа закажани по барање на Заев, кој најави дека ќе побара уважување на неговата оставка, најавена уште на 31 октомври, по вториот изборен круг.

Со констатирањето на оставката, стартува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов лидер. Се очекува истата личност да стане и мандатар за новата Влада.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1