Потпретседателот на Српската радикална партија Милорад Мирчиќ изјави дека денеска би требало да се знае датумот кога лидерот на партијата Восилав Шешељ ќе се врати во Србија. Тој најави дека за идната сабота е најавен митинг на кој ќе зборува Шешељ.
Судскиот совет на Хашкиот трибунал вчера реши да го пушти обвинетиот Шешељ на привремена слобода поради неговата тешка здравствена состојба. Тој е обвинет за злосторства врз хрватите и муслиманите во Хрватска, Војводина и Босна и Херцеговина од 1991 до 1993 година. Шешељ е во притвор на Трибуналот од 2003 година.
Членовите и симпатизерите на партијата синоќа прославуваа со знамиња со ликот на својот лидер, но и со песната „Спремте се, спремте четници“.