ВИДЕО: Словенците ги пуштија К-15 место Талат Џафери (Видео)


talatdzaferi_1Во емисијата „Свет“ на словенечкиот Канал А, тема беа немирите кои се случуваа во Скопје, како реакција на поставувањето на Талат Џафери за министер за одбрана.

За да објаснат за кого всушност се работи, во емисијата пуштаат и дел од говорот на Џафери при преземањето на функцијата. Сепак, не би било интересно, доколку наместо вистинскиот говор, не ја искористеле синхронизацијата која ја направија К-15.

– Јас сум вашиот нов министер за одбрана, затоа што сеуште немам Министерство за напад – вели синхронизираниот Талат Џафери од скечот на К-15, кој со титл е вметнат во прилогот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1